„Да бев јас главен во клубот, Мбапе и Халанд ќе играа за Барса“

1_CyybavAAJfbjiqLW1wQVMw-2x.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот директор на Барселона, Хавиер Бордас, тврди дека во минатото, Барселона имала можност да ги ангажира Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.


Целата ситуација тој ја објасни во интервју за „Ел Чирингито ТВ“.

Се се случвало летото во 2017 година кога Барселона инкасира рекордни 222 милиони евра од трансферот на Нејмар во Пари Сен Жермен.

Сепак и покрај тоа што Бордас бил убеден дека клубот ќе ги ангажира Мбапе и Халанд, челниците на Барселона имале поинакви планови.

„Да бев јас главен во тој период, Мбапе ќе играше за Барса. Кога ПСЖ плати 222 милиони за Нејмар, имавме пари да го ангажираме. Но управата повеќе го сакаше Дембеле. Се одлучив за Мбапе, разговарав со неговиот татко, тој ќе дојдеше во Барса. За момент помислив дека го имаме“, откри Бордас, а потоа ја објасни ситуацијата со Халанд.

„Халанд сакаше да дојде во Шпанија. раководството одлучи да не го потпише. Ќе не чинеше 20.000.000 за Салцбург и уште 20.000.000 за Рајола (тогашениот менаџер на Халанд). Имаше разговори, но Суарез беше таму и беше прв напаѓач и управата реши да не го ангажира“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK