Првиот салон на CUPRA во Македонија свечено ги отвори своите врати за јавноста на 3 ноември 2024 година, овозможувајќи им на посетителите да го запознаат возбудливиот свет на брендот. Овој значаен настан, реализиран од Порше Македонија, привлече голем број посетители и медиуми, кои имаа уникатна можност да уживаат во првата блиска средба со CUPRA – бренд кој нуди моќ, динамика и врвно возачко искуство. CUPRA Отворениот Ден беше обележан со официјална презентација на брендот и тест возење на најновите модели CUPRA Leon и CUPRA Formentor како и на возила од брендовите SEAT, Volkswagen и Škoda.
CUPRA – Од рели наследство до модерен спортски бренд
Приказната на CUPRA започнува како дел од семејството на SEAT, но во 2018 година, SEAT ги обедини своите најмоќни и иновативни модели во независен бренд. Името „CUPRA,“ скратено од „Cup Racer,“ има длабоки корени во мотоспортот и го симболизира авантуристичкиот и спортскиот дух на брендот. Преку својата еволуција, CUPRA се позиционира како бренд кој им нуди на своите возачи силен, но префинет начин да ги изразат своите амбиции на патот и надвор од него.
Успесите на SEAT во Светскиот рели шампионат, особено со SEAT Ibiza Kit Car, одекнаа низ светот и ги поставија темелите за CUPRA. Од 2018 година наваму, CUPRA продолжува да инспирира со својот динамичен шпански дух и високи перформанси, привлекувајќи ги љубителите на автомобили кои бараат возило што излегува надвор од стандардното.
Достапни модели во CUPRA салонот – CUPRA Leon и CUPRA Formentor
Во салонот CUPRA во Скопје, посетителите имаа можност да ги запознаат и испробаат два исклучителни модели: CUPRA Leon и CUPRA Formentor.
CUPRA Leon – Овој модел нуди провокативни перформанси и напредна е-хибридна технологија, комбинирајќи моќ со секојдневна практичност. Со својот смел дизајн и мускулеста каросерија, CUPRA Leon е подготвен да ги помести границите на урбаното возење, а технологијата која ја вклучува го прави иновативен избор за оние кои сакаат високи перформанси и поврзаност со модерни решенија.
Достапни се ICE мотори со моќност од 150КС до 300КС/333КС, со максимална брзина до 250km/h, 2 PHEV мотори со моќност од 204КС и 272КС. Досегот со електричниот мотор е над 100km.
CUPRA Formentor – Првиот модел креиран ексклузивно за CUPRA е инспирација сам по себе. CUPRA Formentor е динамичен CUV со високотехнолошки перформанси, тракција и стабилност на патот, инспириран од тркачките автомобили. Спортскиот и динамичен дизајн, комбиниран со врвна технологија, овозможува импресивно возачко искуство кое ги задоволува највисоките критериуми на љубителите на автомобилите.
Достапни се 6 ICE мотори со моќност од 150КС до 333КС, 2 PHEV мотори со моќност од 204КС и 272КС. Досегот со електричниот мотор е над 100km.
Очекувани модели во 2025 година
Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на останатите модели во CUPRA салонот во 2025 година, кои ќе ја збогатат палетата на возила со уште повеќе иновации и возбудливи перформанси. Меѓу моделите што се очекуваат се:
CUPRA Born – Првиот целосно електричен модел на CUPRA, кој нуди импресивна моќност и 100% емисиона чистота, со врвно дизајниран електричен погон и технологии кои го олеснуваат секојдневното возење.
CUPRA Tavascan – Електричен SUV кој спојува современа естетика и високи перформанси, креиран за оние кои сакаат нешто повеќе во возењето и дизајнот.
CUPRA Terramar – Динамичен и просторен SUV кој ги обединува спортскиот дух и комфорот, наменет за семејни патувања со CUPRA стил и напредни технологии.
Со отворањето на CUPRA салонот во Македонија, Порше Македонија го означува почетокот на новото поглавје во автомобилската понуда на нашиот пазар. CUPRA веќе е тука – за сите кои сакаат моќ, динамика и елеганција на патот.