Јапонецот Јуки Цунода зборуваше за непријатностите со американската гранична полиција пред викендот за Големата награда на Лас Вегас.
Граничмите полицајци го издвоиле возачот на РБ тимот на аеродромот додека тој патуваше на ПР настан посветен на тркачкиот викенд и го испрашувале 24-годишниот, сомневајќи се дека тој сака да емигрира во САД.
„За среќа, ме пуштија по неколку реченици… Многу, всушност. За малку ќе ме вратеа дома. Сега се е во ред, но да – среќа е што сум тука“, изјави Јапонецот.
Цунода верува дека срамот можел да се избегне доколку цариниците му дозволиле да разговара со други лица.
„Бев со физиотерапевт. Се разбира, царинската контрола се врши посебно. Одеднаш, службеничката ме повика во собата и ја прашав дали можам да донесам придружник. Можеби тој подобро би објаснил кој сум јас и ситуацијата во Формула 1. Не можеш ништо да направиш во таа соба“, додаде Цунода, потсетувајќи дека вакви проблеми немал кога патувал во Остин на Големата награда на тексас.
„Редовно ги исполнував барањата за виза. Срамно е ова. Изминативе три викенди се помина без проблеми. Чудно ми е што воопшто ме издвоија“, подвлече Цунода.
До крајот на сезоната остануваат уште три викенди, а Цунода е 11. во генералниот пласман на возачи со 28 бодови.