Кошаркарите на Црвена Звезда победија на стартот од новата сезона во Евролигата. Во „Белградска Арена“, Звезда убедливо го совлада францускиот Асвел со 94:73.
Избраниците на тренерот Душко Ивановиќ се претставија многу добро во поголемиот дел од мечот, а „црвено-белите“ беа особено добри во шутот за три поени, погодија 17 пати од 34 обиди од далечина.
Најефикасен во победничкиот тим беше Шабаз Нејпир со 21 поен, Рокас Гедраитис постигна 17, а Марко Симоновиќ уфрли 14 поени.
Од друга страна кај Асвел подобар од останатите беше Жофри Ловерњ со 18 поени.