Чудната клаузула во договорот на Ињиго Мартинез


Untitled-1-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ињиго Мартинез ја напушти Барселона и се пресели во Ал Наср. Целата работа околу трансферот беше завршена за 48 часа.


Мартинез, пред две години, како слободен играч дојде во Барселона од Атлетик Билбао. Во првата сезона поради повредите не успеа да се наметне, во во втората блескаше и беше незаменлив во одбрамата.

Медиумите во Шпанија открија како фудбалерот експресно успеа да го реализира трансферот и да замине без обесштетување во Ал наср.

Кога пред две години го ставил својот потпис на договорот со Барселона, Мартинез инсистирал да биде вметната клаузула, според која има право да го напушти клубот доколку добие понуда од Саудиска Арабија.

Очигледно, Ињиго имал желба кон крајот на својата кариера да ја зголеми сметката во банката и се подготвил сè за потенцијален трансфер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK