Чилеанец тврди дека идејата за новиот формат на ЛШ е негова

AP21238527026920-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

УЕФА одлучи да воведе нов формат на Лигата на шампионите оваа сезона. Ќе играат 36 екипи, а во првата фаза секоја екипа ќе одигра осум натпревари – четири дома и четири на гости. Првите осум на табелата директно одат во осминафиналето, екипите од 9. до 24.место ќе играат плеј оф за пласман меѓу најдобрите 16, а тимовите од 25. до 36.место ќе ја завршат сезоната.


Тоа не е некој револуционерен концепт на натпреварување, тврди чилеанскиот спортски консултант Леандро Шара, кој се заканува дека ќе го тужи претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Шара тврди дека овој систем на натпреварување го измислил пред десет години и го патентирал и законски го заштитил. Чилеанецот тврди дека УЕФА му ја украла идејата иако во последните десет години одржувал состаноци со раководството.

„Тие ја користат нашата работа. Тие рекоа дека никогаш нема да преземат ваков систем на натпреварување. Тие ги искористија годините на истражување и напор. Јас не барам богатство, се борам за моите права и покривање на моите инвестиции. Јас сум креатор на овој формат, кој беше препознаен од ФИФА, од нив ги добив правата на интелектуална сопственост, ќе направам се што е во моја моќ да ја исправам оваа неправда.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK