Чаби Алонсо минатата сезона го предводеше Баер Леверкузен до сензационален успеах. „Фарамцевтите“, прв пат во историјата ја освоија Бундес лигата, триумфираа во Купот на Германија, аединствено не успеаја д ја оавојата Лига Европа, во финалето беа поразени од Аталанта (0:3).
Секако, најголемата благодарност за овој напор им припаѓа на фудбалерите, но Алонсо реши на посебен начин да им се заблагодари на своите помошници.
„Билд“, пишува дека по освојувањето на титулата, Алонсо нарачал реплики на „салатарата“ за секој од својот стручен штаб, а пред неколку дена им ги доставил.
Тоа го потврди и неговиот помошник Марсел Даум, кој на Инстаграм објави фотографија од подарокот кој го доби и порача: „Благодарам шефе“.
„Билд“, објави дека Алонсо купил вкупно 11 трофеи и потрошил речиси 70.000 евра.
„Имам реплики на сите трофеи што ги освоив, тие се во мојот дом. Сега го имам и овој трофеј од германскиот шампионат како тренер, кој е навистина посебен. Сите имавме придонес во овој успех и затоа сакав сите да ја добијат репликата на шампионскиот трофеј за да им биде потсетник на она што го постигнавме“, рече Чаби Алонсо.