Брутално големи казни во Формула 1

Брутално-големи-казни-во-Формула-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Формула 1 возачите во иднина ќе можат да бидат казнети со максимум еден милион евра. Таа одлука ја донесе ФИА, која максималниот износ на казни го зголеми за дури четири пати. Досега максималната казна можеше да биде 250 илјади евра, а ова зголемување ги вознемири возачите.



„Немам поим што треба да направиш за да добиеш казна од еден милион евра. Тоа е навистина огромна сума, а некои возачи заработуваат помалку од тоа“, изјави возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Кевин Магнусен коментираше дека таквата казна звучи смешно, додека Даниел Рикиардо го нарече застрашувачки.

ФИА објасни како овие казни се наменети да ги одвратат тимовите и возачите од прекршување на прописите и посочи дека парите од сите казни одат за финансирање на развојните програми на авто-мото спортот.

Сепак, не посочија каков прекршок ќе треба да направи возачот или тимот за да добијат казна од милион евра.

„Мораме да размислиме каква порака испраќаме до гледачите. Има многу пари во оваа индустрија, и има многу што треба да направиме за подобро да ги распределиме тие пари. Само така ќе го добијат тој милион од мене“, изјави Луис Хамилтон.

Ветеранот Фернандо Алонсо беше доста остар.

„Ова не звучи соодветно. Нашиот спорт веќе се смета за елитен, а тоа само ќе ја зголеми таа перцепција. Цело време покренуваме некои теми за одржливоста, животната средина, сите се трудиме да се занимаваме со нашиот спорт за да го направиме овој спорт попристапен за секого, па кога овие големи бројки ги ставате како казни, тогаш тоа не е во ред“, заклучи Шпанецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK