Еван Фергусон потпиша нов договор со Брајтон кој сака да го задржи и покрај интересот на големите клубови.
Клубот од југот на Англија потврди дека го продолжил договорот со 19-годишниот Фергусон до летото 2029 година.
Напаѓачот од Република Ирска ги импресионираше стручњаците и со одличните игри минатата сезона, кога тинејџер постигна девет гола на 28 настапи, а оваа сезона игра уште подобро.
Оваа сезона фудбалерот одигра 11 натпревари во Премиер лигата на кои постигна пет гола. Се издвојува хет-трик против Њукасл.
Поради сето ова го привлече вниманието на најмоќните клубови од лигата, како Манчестер сити и Арсенал, а Брајтон со овој договор сака да си ја обезбеди позицијата во преговорите со другите клубови.