Фудбалскиот клуб Бордо соопшти дека нема да ја обжали одлуката на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), и дека наредната сезона ќе се натпреварува во третата лига.
Челниците на ФФФ го казнија Бордо со преселба од втората во третата лига поради наталожени финансиски проблеми.
Бордо е шесткратен шампион на Франција, а последен пат беше најдобар во сезоната 2008/09.
Клубот испадна од Лига 1 во 2021 година, а минатата сезона заврши на 12. место во втората лига.
Бордо не успеа да најде нов финансиер кој би вложил пари и би ги решил финансиските проблеми, па следната сезона ќе игра во третиот ранг на францускиот фудбал.
Низ историјата, дресот на Бордо го носеле голем број врвни фудбалери, меѓу кои Зинедин Зидан, Алан Гирес, Жан Тигана, Биксент Лизаразу, Кристоф Дигари…
Благодарение на испаѓањето на Бордо, Троа го задржа второ лигашкиот статус.