Бобан Марјановиќ постигна договор со Фенербахче

Boban-Marjanovic-1040x572-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот центар Бобан Марјановиќ наскоро и официјално ќе стане член на Фенербахче, пренесува Јурохупс повикувајќи се на свои извори.



Ова значи дека 36-годишниот Србин се враќа во европската кошарка по девет години кога од Црвена Звезда замина во Сан Антонио.

Марјановиќ, во НБА играше и за ЛА Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон, со кои ја прекина соработката. Вкупно, тој одигра 331 лигашки натпревар во НБА, а имаше просек од 5,5 поени и 3,6 скока.

Минатата недела се појавија дека Марјановиќ ќе се врати во Европа, но тогаш како фаворит за неговиот потпис фигурираше Бешикташ, на чија клупа седи неговиот сонародник Душан Алимпијевиќ.

Според медиумите, Марјановиќ ќе потпише едно годишен договор, со можност тој да биде продолжен на уште една година.

Наводно месечно ќе заработува 45.000 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK