– Поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ е назначен за нов тренер на Ал Фатех, потврди синоќа саудискиот клуб.
Билиќ се враќа во Саудиска Арабија, откако во сезоната 2018/19 го предводеше Ал Итихад, каде доби отказ по само 20 натпревари во кои забележа шест победи.
Хрватскиот стратег претходно беше тренер на сплитски Хајдук, московски Локомотив, Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич, Пекинг и Ватфорд.
Од 2006 до 2012 седеше на клупата на Хрватска за која како играч настапи на 44 натпревари.