„Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите…“

Gary-Neville-Roy-Keane-Man-Utd-F365.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанеле по натпреварите во Премиерлигата. Станува збор за периодот кој некии го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.

„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни – покајано вели Кин.

Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.

„Многу пати одев во сабота по натпреварот, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на седум Премиер лиги, четири ФА купови и Лигата на шампиони.

Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „Второто полувреме“ призна:

„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода.“

Гери Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.

„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие десет големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.

„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/96 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален и дојдоа нутриционистите…“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK