Бернардо Силва пред траснфер во Атлетико


depositphotos_619554580_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бернардо Силва наскоро ќе стане нов член на Атлетико Мадрид.


Голем медиуми, потврдија дека Силва е во завршни преговори со Атлетико Мадрид, откако решил да ја прифати понудата од црвено-белиот дел на Мадрид. Португалецот доаѓа на местото на Антоан Гризман.

Силва имал понуда од Јувентус, се надевал на понуда од Барселона, но најконкретни биле „јорганџиите“.

Бернардо Силва има 32 години, сè уште не е за „старо железо“ и дефинитивно ќе биде интересно да го видиме во системот на Чоло Симеоне.

Сигурни извори истакнуваат дека преговорите се во завршна фаза, бидејќи Силва сака да го реши прашањето за својата иднина пред да стартот на Светското првенство. Сака да го потпише договорот и потоа максимално да и се посвети на репрезентацијата.

Силва помина девет години во Сити и во тој период ги освои сите можни трофеи и стана клупска легенда.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK