Нуно Еспирито Санто, по инцидентот со Карим Бензема е блиску до отказ од Ал Итихад, тврдат странските медиуми.
Поранешниот менаџер на Порто и Вулверхемптон минатата година го презеде Ал Итихад само седум месеци откако беше отпуштен од Тотенхем.
Веднаш му ја донесе титулата на својот нов клуб, прва по 2009 година и почна да доведува големи засилувања.
Така во клубот пристигнаа Н’Голо Канте, Карим Бензема и Жота, но почетокот на сезоната не беше баш најдобар за нив.
Во првите девет натпревари остварија само две победи, а имаше инцидент и со скапо платената ѕвезда Карим Бензема. Откако клубот го демантираше тоа, нов инцидент меѓу нив двајца се случи вчера.
Ал Итихад губеше со 1:0 на полувремето против ирачкиот тим Ал Кув Ал Џавија во Лигата на шампионите на АФЦ.
Откако Нуно Еспирито Санто го одржа својот говор на полувремето, на Бензема не му се допадна она што го слушна.
Тој бурно реагирал и го навредил својот тренер, а со истата мерка реши да врати Нуно Еспирито Санто.
„Проблемот“ за Нуно Еспирито Санто е што Бензема е главна ѕвезда во овој тим и затоа е пред отказ.
„Во соблекувалната пред другите играчи тренерот и капитенот имаа вербална пресметка, тензијат беше голема“, пишуваат меѓу другото странските медиуми.
Според овие извор прашање на денот е кога Санто ќе добие отказ.