Бенитез седна на клупата на Селта Виго

benitez_#4535353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Шпанскиот фудбалски стратег Рафаел Бенитез (63) е нов тренер на Селта Виго на местото на Португалецот Карлос Карвахал.

„Бенитез е еден од најуспешните тренери во историјата на нашата земја, а водеше екипи од светска класа во главните европски лиги“, објави во петокот вечер Селта, додавајќи дека договорот за соработка ќе биде потпишан на почетокот на јули.


Бенитез во кариерата ги тренираше Ливерпул, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Наполи, Њукасл, Валенсија, Евертон, Далијан Про, Ваљадолид, Осасуна, Тенерифе и Екстрамадура.

Освои 13 трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампиони (Ливерпул), Лига Европа (Челзи) и поранешниот Куп на УЕФА (Валенсија).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK