Бенфика го отпушти Роџер Шмит

Untitled-4-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот стручњак Роџер Шмит повеќе не е тренер на фудбалскиот тим Бенфика, објави претседателот на португалскиот клуб Руи Кошта.


Како што соопшти поранешниот играч на Милан и Фиорентина, Шмит денеска е сменет по лошиот старт на тимот во новата сезона.

Бенфика освои седум од можни 12 бода во првите четири кола од шампионатот, а синоќа спаси бод против Мореиренсе со гол во 90+7. минута од белата точка.

Руи Кошта не објави кој ќе биде новиот тренер на Бенфика, но кој и да дојде ќе го води тимот само еднаш пред првиот меч во Лигата на шампионите. Бенфика на 19. септември ќе и гостува на Црвена Звезда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK