Бен Једер обвинет за силување, одбраната ги шокираше сите: Алкохолот е виновен, јас сум жртвата

Untitled-4-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Ница започна судењето на поранешниот играч на Монако и француската репрезентација Висам Бен Једер. Висам Бен Једер е обвинет за сексуален напад во алкохолизирана состојба, а обвинителството побара казна од две и пол години затвор.


„Господинот Бен Једер ја сметаше жртвата за парче месо“, рече обвинителот на судењето на 34-годишниот фудбалер, кој беше уапсен на 6 септември во неговиот дом во Кап д’Ау.

„Не се сеќавам на ништо, не можам да кажам дали го направив тоа. Алкохолот е причината поради која сум тука. Искрено и се извинувам на жртвата, нејзиното семејство, моето семејство“, изјави во своја одбрана најдобриот стрелец на Монако на почетокот на судењето.

Пресудата ќе биде објавена на 12 ноември.

„Поради алкохолот на ништо не се сеќавам, ме натера да престанам да размислувам… Сфаќам дека ја направив најголемата грешка во мојот живот“, изјави на суд фудбалерот, кој играше 19 пати во Франција, признавајќи ја својата зависност од алкохол.

Одбраната на Бен Једер пред судот изјави дека фудбалерот се приклучил на анонимните алкохоличари и бил подложен на двонеделен третман за детоксикација во Универзитетската болница во Ница.

Еден од адвокатите на фудбалерот сакаше на суд да ја објасни лошата лична ситуација која ја доживеа Бен Једер, кој беше предаден од неговиот поранешен агент, измамен од неговиот финансиски менаџер, во моменти кога му се распаѓаше бракот.

“Јас сум осамен човек, тешко ми е да им верувам на луѓето. Ме изневерија многу пати. Спасот го барав во алкохолот”, рекол Бен Једер.

Бен Једер нема намера да ја заврши кариерата, иако има 34 години се надева дека ќе најде клуб откако ќе ги реши проблемите со законот и алкохолот.

Најдобриот стрелец на Монако на сите времиња наводно веќе добива понуди од европските тимови во јануарскиот преоден рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK