Англичанецот Џуд Белингем ја предводи листата од 100 играчи во светот со највисоки проценети трансфер вредности. Ѕвездата на Реал Мадрид со трансфер вредност од 267,5 милиони евра е пред Норвежанецот Ерлинг Халанд (Манчестер сити) и неговите бразилски соиграчи од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Родриго.
„Викли Пост“, во своето 445.издание ги претстави 100. играчи во светот со највисоки проценети трансфер вредности според статистичкиот модел Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика, независна истражувачка и образовна организација со седиште во Нојшател, Швајцарија.
Нивниот сајт обезбедува ексклузивни податоци и анализи за фудбалерите: со аспекти како што се перформанси, трансфери, вредности, рејтинзи и таленти.
Во големите пет европски лиги, Џамал Мусиала (Баерн Минхен) ја предводи листата за германската Бундес лига, Хвича Кварацхелија (Наполи) за италијанската Серија А и покрај тоа што неговиот договор истекува во јуни, а Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен) за француската Лига 1.
Во споредба со проценките објавени во јуни 2023 година, бројот на играчи со трансферна вредност од повеќе од 100 милиони евра е речиси двојно зголемен (од 20 на 39), што го одразува наглиот пораст на цените на играчите за време на летниот преоден рок во 2023 година.
Вредноста на 100. највисоко оценет играч сега е 71,3 милиони евра, во споредба со 53,4 милиони евра во јуни 2023 година.
Врз основа на илјадници платени трансфери, статистичкиот модел овозможува прецизно предвидување на трансферните такси што клубовите се подготвени да ги платат, со оглед на парите вложени во минатото за играчи со слични карактеристики.
Вредностите се засноваат на статистички алгоритам кој е создаден со испитување на над 6.000 трансфери ширум светот.