Илкај Гундоган по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Фудбалерот кој по ЕП се пензионираше од националниот тим е на пат кон Манчестер. Гундоган во периодот од 2016 до 2023 година го носеше дресот на Манчестер сити. За „граѓаните“ има одиграно 304 натпревари со учинок од 60 голови и 38 асистенции.
Платата на Гундоган беше голем товар за Барселона, кој и оваа сезона мака мачи со финансискиот фер-плеј. За да ослободи место во буџетот, што ќе му овозможи на клу от да го регистрира Дани Олмо, Барселона реши да се ослободи од 15.000.000 евра, колку што требаше да го плати Германецот оваа сезона.
Гундоган ќе се врати во Сити како слоббоден играч. Пеп Гвардиола веќе дела зелено светло трнсферот да биде реализиран.
Во Барселона е обиделе да извлечат премија од заминувањето на Гундоган, но предлогот толку ги разлутил челниците на Сити што се заканиле со тужба.
Шпанскиот инсајдер и новинар Жерар Ромеро, кого на социјалните мрежи го следат речиси два милиони луѓе, објави дека Деко, спортскиот директор на Барселона, му понудил на Манчестер сити размена на играчи, според која Барселона за Гундоган би исплатила одредена сума на пари и би го добила шпанскиот репрезентативец Родри (28).
Понудата толку ги налутила луѓето на „Етихад“ што од Сити веднаш побарале Барселона да го плати остатокот од долгот од трансферот на Феран Торес (24.
Во 2022 година, Торес од Сити се пресели во Барселона за отштета од 55 милиони евра. Сити и даде рок на Барселона до 31 август, во спротивно ќе поднесе тужба.