Барселона без Олмо против Монако во ЛШ

b897c889-1bfb-4bb4-bd8f-b6d506c21556.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дани Олмо ќе го пропушти натпреварот помеѓу Барселона и Монако во Лигата на шампионите (четврток) поради повредата со која се здоби на вчерашниот првенствен натпревар против Џирона.


Поранешниот играч на Динамо и Лајпциг беше стрелец на третиот гол за Барселона. Теренот го напушти во 61. минута, поради болка во десното колено.

Шпанските медиуми пишуваат дека Олмо има поблем со тетивите, а Барселона нема да ризикува со играчот за кого летово на Лајпциг му плати 55 милиони евра.

Според прогнозите Олмо ќе паузира од седум до десет дена.

Олмо одлично ја започна својата кариера во Барселона, на првите три натпревари постигна ти гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK