Барселона без Јамал во дербито против Атлетико

3794163e7a52b63f0ce708e48bafa1a8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона моментално е во резултатска криза во домашниот шампионат. Во последните пет натпревари во Примера, Каталонците забележаа само една победа. Блауграна синоќа доживеа сензационален пораз на домашен терен од Леганес (0:1).


Барселона остана на првото место, но сега ист број на бодови има и Атлетико Мадрид. Реал е на третото место со бод помналку, а треба да се истакне дека двата мадридски клуба имаат одиграно еден натпревар помалку.

Потенцијално поголем проблем за Каталонците е што се повреди нивниот главен играч, 17-годишниот Ламин Јамал. Од клубот преку официјални канали потврдија дека Шпанецот ќе биде надвор од терените околу еден месец, односно три до четири недели поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб.

Ова е голем удар за Барселона, која во следното коло ќе игра против Атлетико Мадрид на домашен терен, а потоа следуваат натпреварите од Копа дел Реј против Унион и Суперкупот против Атлетик Билбао.

Јамал потенцијално би можел да се врати за натпреварот од Ла Лига против Хетафе, кој е закажан за 19 јануари 2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK