Фудбалскиот клуб Трабзон во зимскиот преоден рок планира да направи реконструкција на тимот. Старо-новиот тренер Абдула Авчи на трансфер листата стави шестмина фудбалери, еден од ние е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Пред неколку недели, германските медиуми пишуваа дека Унион Берлин, на чија клупа сега седи екс-тренерот на Трабзон, Ненад Бјелица, сака да го донесе Барди во своите редови.
Покрај Барди на траснфер листата се најдоа и Филип Бенковиќ, Жоакин Фернандез, Умут Бозок, Димитриос Курбелис и Јенс Стригер Ларсен.