Баерн преку „фенерџијата“ Келн до лидерската позиција во Бундес лигата

Баерн-преку-„фенерџијата-Келн-до-лидерската-позиција-во-Бундес-лигата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Баерн го совладаа Келн (1:0) како гости на отворањето на 12. коло во Бундес лигата.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Хари Кејн во 20. минута од натпреварот. Капитенот на Англија е во извонредна форма, во Бундес лигата го постигна 18. гол од почетокот на сезоната.

Баерн можеше набрзо да ја зголеми предноста преку Мотинг, а особено Сане, а добра шанса на крајот од полувремето имаше и Коман.

Сане имаше и еден обид во вториот дел, а Коман на крајот ја погоди гредата.

Баерн е прв на табелата со 32 бода, еден повеќе од Леверкузен кој во сабота гостува кај Вердер.

Келн е последен на табелата со само шест освоени бода.



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK