Баерн му забрани на Динамо да тренира: Можете само да се сликате…

34997a7c-c818-452a-974b-8cbc01702962.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите во новиот формат, се случи несекојдневна ситуација во Минхен, пред дуелот помеѓу Баерн и Динамо Загреб.



Челниците на баварскиот гигант им забранија на играчите на Динамо да тренираат на теренот каде вечерва од 21 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло во елитното натпреварување.

Причината е многу лошата состојба на теренот на „Алијанц арената“, кој датира од Европското првенство кое заврши пред два месеци.

Хрватските медиуми пренесуваат дека теренот е полн со дупки и прилично нерамен и затоа Баерн не дозволи гостите да тренираат на овој терен.

Баерн двапати ја менуваше подлогата од полуфиналето на ЕП на 10 јули, но тоа не помогна, бидејќи високите температури ја уништија тревата.

Затоа Динамо не тренираше во Минхен, туку тоа го направи во текот на денот во Загреб, а во вечерните часови во понеделник играчите можеа само да се фотографираат на стадионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK