Манчестер јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира уште еден дефанзивец. Минатата недела на „Олд Трафорд“ за 62 милиони евра од Лил пристигна 19-годишнот Лени Јоро.
Челниците на клубот не кријат дека нивна желба е Матијас Де Лихт. Холанѓанецот ги заврши преговорите, ја договори платата и време траењето на договорот, но Баерн досега ги одби сите понуди од Јунајтед.
Последната изнесува 35 милиони евра. Баерн бара најмалку 50 милиони евра за Холанѓанецот.
Германскиот новинар Кристијан Фалк најавува дека преговорите ќе продолжат бидејќи Де Лихт сака да се пресели на „Олд Трафорд“.