Баерн доживеа фијаско во последните минути од преодниот рок

Баерн-доживеа-фијаско-во-последните-минути-од-преодниот-рок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вистински кошмар му се случи на Баерн Минхен во последните минути од преодниот рок. Баварците планираа три трансфер кои не успеаја да ги реализираат.


Трансферот на Жоао Палиња (28) пропадна на десет минути до крајот на преодниот рок. Португалецот ги мина лекарските прегледи, беше подготвен дрес за него, за да може да ја има официјалната промоција, кога Фулам го повлекоа назад во Лондон, бидејќи не најдоа замена за Палиња.

Дополнително, на Баерн му пропаднаа уште два трансфери во последните неколку минути од преодниот рок. Баварците сакаа да ги доведат Армел Бела Кочап од Саутемптон и Тревор Шалоба од Челзи. На крајот ниту еден од тие играчи не стигна до Баерн, што значи дека Томас Тухел остана без замена за Бенџамин Павард кој замина во Интер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK