Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Аврамовски, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Аврамовски пред неколку дена си замина од клубот во кој пристигна во февруари 2022 година.
Кариерата, Аврамовски, ќе ја продолжи во турската втора лига, во екипата на Болуспор.
Даниел Аврамовски во минатото играше во Турција, во екипата на Кајзериспор од каде пристигна во Сараево.
Кариерата ја започна во Работнички, играше и Македонија ЃП пред да замине во Црвена звезда.
Во Србија играше и за ОФК Београд пред да замине во Олимпија Љубљана која го позајми во Војводина, а играше и за Вардар пред да замине во Кајзериспор.
Од февруар 2022 година за Сараево одигра 45 натпревари, постигна четири гола и забележа осум асистенции.