Атлетико го договори Ленгле, за да го регистрира тројца ќе мора да си заминат

lengl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хулијан Алварез, Конор Галагер, Робин Ле Норманд, Александер Серлот и од вечерва Клемон Ленгле (29).


Динамичниот летен преоден рок во Атлетико Мадрид доби нова епизода.

Францускиот стопер ќе се пресели од Барселона во Атлетико, објави мадридски „Диарио Ас“, повикувајќи се на извори во „Метрополитено“.

Според овој извор, Ленгле стоперот кој игра со лева нога, на што инсиситрал тренерот Диего Симеоне, откако Атлетико не успеа да го донесе Давид Ханцко од Феенорд. Десната страна во дефанзивната линија со тројца е резервирана за Ле Норманд.

Сепак, „Ас“ потсетува дека трансферот на Ленгле нема да може да се официјализира додека од Атлетико не заминат уште најмалку тројца играчи, поради новото правило за ограничени трошоци за плати на играчите што го воведе Ла Лига.

Се вели дека Саму Омородион, Сантијаго Мурињо, Тома Лемар и Артур Вермерен се фаворити да го напуштат „Метрополитано“ пред крајот на летниот преоден рок на 31 август. Првите тројца се на продажба додека Вермерен веројатно ќе оди на позајмица во Лајпциг.

Засега црвено-белите ги напуштија Жоао Феликс, Алваро Мората, Чаглар Сојунџу, Габриел Паулиста, Стефан Савиќ, Саул Нигез, Витоло, Мемфис Депај и Марио Ермосо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK