Аталанта ја продолжи агонијата на Фиорентина


13546439.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во дуел меѓу два тима од кои се очекуваше многу повеќе оваа сезона, Аталанта успеа да ја победи Фиорентина со 2:0 (1:0).


Ова е прва победа на Аталанта во Серија А од 21 септември, а Фиорентина и по 13-то коло се уште е без победа.

Во првото полувреме немаше сериозни шанси, Аталанта беше малку поконкретна, но без реализација до 41-та минута.

Потоа, по сосема обична акција на Аталанта и вратена топка од Де Кетеларе, Косону се обиде да центрира, а на крајот топката заврши во мрежата за 1:0.

Веќе на почетокот на второто полувреме, беше 2:0, карамбол по изведен корнер, топката стигна до Локман, кој рутински постигна гол за 2:0.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK