Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн Минхен, Николас Џексон се врати во Челзи. Сенегалецот нема да се задржи во Лондон, бидејќи за него нема место во плановите на новиот менаџер, Чаби Алонсо.
Сериозен интерес за 25-годишниот напаѓач покажува Астон Вила. Менаџерот Унаи Емери добро го познава Џексон. Во минатото тие имаа успешна соработка во Виљареал.
Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, клубовите ги започнале преговорите.
Лондонскиот клуб претпочита траен трансфер, но не е исклучена можноста за нова позајмица за напаѓачот.
Foto/ Depositphotos