Ашковски од Грција се сели во Раднички Ниш

Ашковски-од-Грција-се-сели-во-Раднички-Ниш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски кариерата ќе ја продолжи во Раднички Ниш. Ашковски постигнал договор со српскиот клуб само се чека да бидат решени админитративните работи со грчкиот клуб Ламија, каде настапуваше минатата сезона.


Ашковски има 31 година и е познато име во српската фудбалска јавност. Иако почнал да игра фудбал во родното Скопје, се смета дека е ученик на познатата школа на Партизан.

Долго настапуваше за Телеоптик, но не играше најдобро во црно-белиот дрес. Беше испратен на позајмица – во Доња Срем, Напредак и Нови Пазар.

Тој е вистински фудбалски номад, во кариерата играше во Турција, Холандија, Полска, Бугарија, Романија и Грција.

Стандарден е македонски репрезентативец. Во октомврискиот циклус, во квалификациите за ЕП играше против Украина, а во пријателскиот натпревар против Ерменија одигра 30 минути.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK