Артуро Видал, поранешниот ас на Барселона и Баерн и репрезентативец на Чиле, е обвинет за силување, соопшти обвинителот во Сантијаго де Чиле.
Покрената е истрага, а засега ниту еден играч не е уапсен. Покрај Видал, на удар се уште неколку играчи од Коло Коло, клубот во кој сега настапува Видал. Сето ова се случи на роденденската прослава на еден од соиграчите на Видал.
Херардо Аравена, началникот на полицијата во главниот град на Чиле, рече дека Видал дошол во станицата за идентификација. Се очекуваат следните чекори на обвинителството.
Видал е еден од најдобрите играчи во историјата на Чиле. За репрезентацијата одигра 142 натпревари и постигна 42 гола. Со репрезентацијата двапати ја освои Копа Америка.