Арсенал по 38 години кај Тотенхем нема да ја носи основната гарнитура на дресови

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тотенхем и Арсенал во недела ќе се сретнат во дербито на северен Лондон, кое се игра во рамките на 5. коло од англиската Премиер лига.



За прв пат по сезоната 1985/86. Арсенал ќе игра на стадионот на Тотенхем во гостински дрес. Арсенал најчесто доаѓа во Тотенхем во црвен дрес, но овојпат тоа нема да биде случај.

Судиската организација на Премиер лигата (ПГМОЛ) за оваа сезона не им дозволи на „топџиите“ да играат во основната варијанта бидејќи белата боја била премногу застапена на дресовите.

Дресот на Тотенхем за домашните натпревари е бел, што би можело да им го отежне настапот на играчите и на судиите, а може да создаде ии визуелна конфузија кај гледачите.

Поради тоа Арсенал, в недела, ќе настапи во црни дресови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK