Арсенал бара замена за Габриел Жесус

Untitled-54.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед во третото коло од ФА Купот, а британските медиуми објавија дека Бразилецот ги скинал лигаментите.


Жесус го започна дуелот против Манчестер јунајтед, кој Арсенал го загуби по изведувањето пенали, а теренот го напушти на носилки во 42.минута.

Тренерот Микел Артета истакна дека нема официјална потврда, но дека ситуацијата со Ѓесус не е добра и навести дека клубот веќе бара замена за повредениот напаѓач.

„Сега знаеме повеќе… Воопшто не изгледа добро. Треба да провериме со друг специјалист и ќе имаме повеќе информации попладнево. Не сакам да потврдам ништо додека не добиеме конечна дијагноза попладнево. Бевме многу загрижени по натпреварот, а и денес сме многу загрижени“, објасни шпанскиот тренер на прес-конференцијата во вторникот.

Жесус има 27 години и му се приклучи на Арсенал од Манчестер Сити во 2022 година. За Арсенал постигна 26 гола на 96 натпревари.

Арсеналј во среда од 21 часот му гостува на Тотенхем, нивниот најголем ривал во дербито на северен Лондон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK