Арнаутовиќ постави рекорд кој веројатно никогаш нема да падне

Арнаутовиќ-постави-рекорд-кој-веројатно-никогаш-нема-да-падне.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бенфика и Интер, синоќа одиграа спектакуларен меч на „Ла Луж“. Бенфика по првиот дел имаше водство 3:0, на крајот немаше победник.

Жоао Марио, против својот поранешен клуб постигна хет-трик во првото полувреме, но Бенфика не успеа да победи. Интер се врати во вториот дел со головите на Арнаутовиќ, Фратези и Алексис Санчез од пенал.

По натпреварот во центарот на вниманието беше австрискиот ветеран Арнаутовиќ кој на неверојатен начин успеа да ги испише нова страница во историјата на елитното натпреварување. Арнаутовиќ постави рекорд кој веројатно никогаш нема да падне.

Имено, поминаа 4740 дена од последниот гол на австрискиот напаѓач во Лигата на шампионите, а она што е интересно е што тој тогаш погоди против Интер.

Тоа се случи во декември 2010 година на натпреварот помеѓу Вердер и Интер во Бремен, а 13 години подоцна Арнаутовиќ повторно се запиша во листата на стрелците во ова натпреварување. Ова е убедливо најголема разлика меѓу головите постигнати во Лигата на шампионите од еден играч, а името на Арнаутовиќ ќе остане запишано во историјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK