Аргентинската инвазија на Рио де Жанеиро – Доаѓаат повеќе од 100 илјади навивачи на Бока

Аргентинската-инвазија-на-Рио-де-Жанеиро-–-Доаѓаат-повеќе-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 100.000 Аргентинци се очекуваат во Рио де Жанеиро, каде на 4 ноември на „Маракана“, ќе се одигра финалето на Копа Либертадорес меѓу Флуминенсе и Бока Јуниорс.


Во сабота, на 4 ноември, Маракана ќе биде домаќин на 64. финале на Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите. На спротивните страни ќе бидат бразилскиот Флуминенсе и аргентинскиот тим Бока Јуниорс.

И покрај тоа што навивачите на Бока имаат право на 20.000 билети, во Рио де Жанеиро се очекува да пристигнат над 100.000 навивачи на аргентинскиот гигант, што ќе предизвика главоболки кај локалните власти и полицијата која стравува од конфликти и инциденти на навивачите.

Концертот на„ Ред Хот Чили Пеперс“ на стадионот „Нилтон Сантос“, концертот на бразилскиот пејач Роберто Карлос во „Џокеј Арена“, како и приемните испити за националниот универзитет ќе создадат дополнителна гужва во градот.

Кабинетот на градоначалникот на Рио де Жанеиро проценува дека овие настани ќе привлечат околу 400.000 посетители до недела, од кои некои веќе резервирале 82 отсто од хотелскиот капацитет на градот.

Навивачите на Бока веќе почнаа да пристигнуваат во градот, а покрај легендарната плажа Копакабана е поставена „Фан зона“.

И градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес, одобри дел од аргентинските навивачи без билети да бидат сместени во Самбодромо, област каде секоја година се одржуваат карневали, а се наоѓа на четири километри од стадионот.

„Маркез де Сапукаи Самбодромо“ е долг околу 550 метри меѓу двете трибини и може да биде домаќин на повеќе од 60 илјади луѓе одеднаш.

Веќе се користеше за сместување на аргентинските навивачи за финалето на Светското првенство во 2014 година, кога Аргентина загуби од Германија. Подготвен е и „Тереирао до Самба“, простор до Самбадром, така што навивачите на Бока ќе имаат место за кампување, како и за паркирање на карваните и автобусите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK