– Со нов рекорд од шест натпревари без примен гол англиската фудбалска репрезентација до 21 година триумфираше на Европското првенство и ја освои првата титула на Стариот континент по пауза од 39 години.
Во драматично финале кое се одигра синоќа во грузискиот град Батуми, Англија ја совлада Шпанија со голот на Куртис Џонс во судиското продолжение на првото полувреме, а возбудувањата кулминираа во деветта минута од судиското продолжение во вториот дел кога англискиот голман Џејмс Трафорд одбрани пенал.
Англичаните ја освоија третата европска титула во историјата, а прва по успесите во 1982 и 1984 година.
За Шпанија ова беше рекордно деветто финале, две повеќе од Италија на второто место.