Англија последен полуфиналист на СП за фудбалерки

fudbalerki_anglija_35244354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Женската фудбалска репрезентација на Англија им се приклучи на кодомаќинот Австралија, Шпанија и Шведска во полуфиналето на Светското првенство, откако попладнево во четвртфиналето во Сиднеј ја совлада Колумбија со 2-1.

На Олимпискиот стадион пред речиси 76.000 гледачи, Костарика поведе во 44 минута преку Лејси Сантос, а актуелниот европски првак го израмни резултатот во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Лорен Кемп. Победоносниот гол го постигна Алесија Русо во 63 минута.


Полуфиналните натпревари на СП кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд се на програмата на 15 и 16 август.

Во првото полуфинале во вторник Англија ќе игра против Австралија, додека ден подоцна ќе играат Шпанија и Шведска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK