Англија и Франција во битка за бронзата на Светското првенство


kilijam-mbabe-sp-francija-epa-14151163.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако останаа без место во големото финале, Англија и Франција вечерва ќе се соочат во натпреварот за третото место на Светското првенство.


Дуелот за бронзениот медал ќе се одигра на стадионот „Хард рок“ во Мајами со почеток во 23 часот по средноевропско време.

Двете европски селекции ќе се обидат да ја завршат мундијалската приказна со победа, по болните полуфинални порази. Франција беше поразена од Шпанија со 2:0, додека Англија испушти водство против Аргентина и со два примени гола во самиот финиш остана без пласман во финалето.

Иако натпреварот нема шампионски влог, пресметките за третото место традиционално носат отворен и ефикасен фудбал, а дуелот меѓу старите ривали Англија и Франција дополнително му дава тежина на овој меч.

Двете репрезентации ќе се борат за бронзениот медал, но и за достоинствен крај на настапот на Светското првенство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK