Репрезентацијата на Англија е првиот фаворит на букмејкерите за освојување на Европското фудбалско првенство следната година во Германија.
На триумф на Англичаните коефициентот е точно 5. Следни се Французите, коефициентот на нив е 5,50. За Германија, домаќинот на турнирот, коефициентот е 7,50, потоа следуваат Шпанија со коефициент 8 и Португалија со коефициент 10.
Холандија, Италија и Белгија имаат коефициент 17. Во најтесниот круг на фаворити не е Хрватска која се уште нема обезбедено учество на континенталниот шампионат. Хрватска и Данска имаат коефицент 26.
Следува Австрија со коефициент 51 и дури потоа Србија (и треба еден бод за да го обезбеди пласманот) со квота 67. Сите останати репрезентации, според обложувалниците, имаат многу мали шанси да станат европски шампиони.