Тренерот на Реал, Карло Анчелоти по осми, а шести пат како тренер ќе учествува во финалето на Лигата на шампионите. Со Милан освои две титули како играч и две како тренер. Финалето против Борусија Дортмунд ќе му биде трето на клупата на Реал, а првите две ги доби. Од седумте досега, тој загуби само едно финале, онаа во 2005 година во Истанбул, кога Ливерпул направи неверојатен пресврт против Милан.
„Финалето на Лигата на шампионите е еден од најважните, но и еден од најопасните натпревари. Тоа е меч со две острици – мораме максимално да уживаме во него и да бидеме внимателни бидејќи влогот е титулата во ЛШ. Треба да имаш малку среќа, да играш добро и никогаш да не го спуштиш гардот. Стравот ќе биде присутен, тоа е природно. Колу стравот е поголем, толку ќе бидеме посреќни ако победиме на крајот“, рече Анчелоти.
Иако не сакаше да открие се што има подготвено за вечерашниот меч на Вембли, Анчелоти сепак кажа кој ќе брани во финалето.
„Лунин беше болен. Сега се чувствува добро, но ќе биде на клупата. Ќе брани Тибо Куртоа”.
Белгискиот голман се враќа по долго отсуство поради тешката повреда на коленото со која се здоби минатиот август. Финалето ќе биде прв натпревар за него во ЛШ оваа сезона.
Анчелоти откри што смета дека е клучно за успехот во утрешното финале.
„Мојот тим во текот на целата сезона докажа дека има две важни карактеристики – квалитет и пожртвуваност. Ќе биде клучно да се покаже тоа и во финалето“, заклучи италијанскиот тренер.