Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти реагираше на коментарите на директорот на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин.
Директорот на „јорганџиите“ го обвини „кралскиот клуб“ дека врши притисок врз судиите.
Во меѓувреме, Реал Мадрид објави видео во кое ги истакна воочените грешки на судиите на штета на Реал во дербито против Атлетико. Во неделата, Атлетико го победи Реал со 3:1 и му го нанесе првиот пораз во новата сезона.
За сето ова Анчелоти беше прашан по мечот со Лас Палмас на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ (2:0).
„Не обрнувам внимание на тоа што вели сопственикот или претседателот на Атлетико. Прашањето што треба да го поставиме е дали судиите се чувствуваат погодени. Едноставно велам дека тој направи огромна грешка. Никој не е совршен“, рече Анчелоти.
Реал Мадрид моментално е втор на табелата со 18 бодови, еден помалку од лидерот Џирона и осум повеќе од Атлетико кој со два натпревари помалку се наоѓа на седмото место.
Foto/ EPA