Американците без Кардосо на СП


depositphotos_812999528_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На помалку од еден месец до почетокот на Светското првенство, тежок удар доби репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Американците заедно со Мексико и Канада се ко-домаќини на Мундијалот од 11.јуни до 19.јули.


Имено, „Јенкиите“ ќе бидат значително ослабени на Светското првенство, бидејќи најголемото фудбалско натпреварување ќе го пропушти играчот на Атлетико Мадрид, Џони Кардосо.

Кардосо го повреди глуждот, поради што ќе биде потребна операција, по што ќе следи пауза од околу два месеци, што значи дека играчот од средниот ред нема да биде подготвен за Светското првенство, објавија Американците и неговиот клуб Атлетико.

Репрезентацијата на САД ќе го отвори своето Светско првенство на 13.јуни против Парагвај во Инглвуд, Калифорнија, додека во групата Д ќе игра и против Австралија и Турција.

Кардосо, кој има 24 години, има 23 настапи за репрезентацијата на САД од своето деби во 2020 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK