Заврши најголемата трансфер сага ова лето. Хулијан Алварез ќе остане во Атлетико Мадрид.
Аргентинскиот напаѓач, кој преферираше трансфер во Барселона и на маса имаше понуда од Барселона, решил да ја одбие понудата од Лондон и да остане на „Метрополитано“.
Атлетико од почетокот на преодниот рок имаше јасен став, Алварез може во Барселона, но само доколку Каталноците издвојат 500 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во договорот.
Барселона нудеше многу помалку, сума од 100 милиони евра.
На Алварез не му помогна миту изјавата дадена среде Светското првенство, дека „мојот сон е да играм за Барселона“.
Токму таа изјава му ги напарави последните три недели пеколни. Клубот неколку пати излезе во јавноста со соопштенија дека, нема да го продаде напаѓачот во Барселона. Потоа се соочи со концерт од свирежи на „Метрополитано“ на натпреварот против Виљареал.
По тој натпревар, Алварез, не тренираше со екипата, наводно поради здравствени проблеми. Работеше индивидуално со кондицискиот тренер.
Но, откако му стана јасно дека клубот ја одјавил Барселона, тој од пред три дена им се врати на редовните тренинзи и ќе конкурира за место во тимот, за гостувањето кај Атлетк во Билбао.
Foto/ Depositphotos