Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид


depositphotos_748530636_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач означен како приоритет од страна на менаџерот, Микел Артета, одбил да се пресели во Лондон.


Според, новинарот на „СЕР Депортивос“, Педро Фулана, Арсенал е единствениот клуб подготвен да даде конкретна понуда до Атлетико за 26-годишниот напаѓач. Сепак, договорот не е можен бидејќи Алварез немал намера да се враќа во Премиер лигата.

Со оглед на тоа што интересот на Барселона престана поради финансиски проблеми, се чини дека освојувачот на Светското првенство е задоволен што останува во Шпанија под водство на Диего Симеоне и нема намера да бара трансфер.

Фулана објасни во програмата на „СЕР Депортивос“, дека целата операција со неколку заинтересирани клубови „целосно запрела“. Тој нагласи дека иако Арсенал е единствениот тим што нуди реална опција, одбивањето на играчот дури и да размисли за трансфер во голема мера го прави невозможен неговиот трансфер.

Во Атлетико, од друга страна, се целосно мирни и покрај шпекулациите во медиумите и активно градат тим за следната сезона околу Алварез, кој постигна 20 гола минатата сезона.

Шпанскиот клуб даде приоритет на засилувањата во одбраната и средниот ред. Нивните цели се дефанзивецот на Челзи, Марк Кукуреља, а ја следат и ситуацијата околу Бернардо Силва. Амбициозните планови на клубот зависат од задржување на клучни играчи како Алварез, чија иднина е обезбедена со договор што важи до јуни 2030 година.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK