Алкараз се откажа од борбата за првото место?

Алкараз-се-откажа-од-борбата-за-првото-место.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да настапи на турнирот во Базел.



Вториот тенисер во светот ќе мора да го пропушти турнирот во Базел поради воспаление на стопалото и проблеми со глутеалните мускули.

Тоа значи дека се зголемуваат шансите Новак Ѓоковиќ да ја заврши годината на првото место.

Двајцата тенисери до крајот на годината ќе играат на два турнири, Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс во Торино.

На тие турнири Ѓоковиќ ќе брани повеќе поени, но бидејќи Србинот моментално има предност од 2.240. бодови, ќе мора многу лошо да ги игра тие турнири, доколку Алкараз сака годината на првото место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK