Алкараз повторно го освои Вимблдон, го прегази Ѓоковиќ во финалето

12369178.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Очекувавме спектакл, можеби повторно меч во пет сета, но наместо тоа добивме убедлив триумф на Карлос Алкараз над Новак Ѓоковиќ. Во големото финале на Вимблдон, втора година по ред, Карлос Алкараз беше подобар, само овојпат многу убедливо – 6:2, 6:2, 7:6 (7-4)


Ѓоковиќ, сопственик на 24. Грен слем трофеи го одигра веројатно најлошото финале во кариерата. Два сета не беше присутен на теренотет, што му овозможи на Алкараз да создаде конфорна предност и до крајот Шпанецот го покажа целиот раскош на својот талент.

Шпанецот се уште е непоразен во финалињата на Грен слем турнирите, има скор од 4-0, додека Ѓоковиќ останува на 24 титули (ова му беше 37 финале).

Се тргна наопаку од самиот почеток, Ѓоковиќ беше скршен веќе во првиот гем, премногу често и без причина одеше до мрежата, а Карлос не мораше да направи ништо спектакуларно за да дојде до сетот и да дојде до брејк предност во вториот.

Опкружен со тоа и Алкараз го крева нивото на својата игра, а Ѓоковиќ само во еден краток период во третиот сет личеше на себе. Во третиот гем спаси четири брејк топки, главно со одлични сервиси, а во шестиот гем се закани, ни и тогаш Карлос имаше одговор – спаси една брејк топка и стигна до 3:3.

Единствената вистинска драма ја видовме на крајот од третиот сет – Алкараз направи брејк и сервираше за меч, стигна до три последователни меч топки, а потоа малку му се стегна раката. Загуби пет поени во низа и Новак се врати во живот, Ѓоковиќ сепак не успеа да го искористи тој моментум, туку само го одложи поразот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK