Алкараз посакува финале со Ѓоковиќ: Еден меч ме дели од Новак

alkaraz-us-open.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз посакува финалето на УС Опен против Новак Ѓоковиќ.

Алкараз во четвртфиналето го елиминира Александар Зверев и без разлика што се уште не стигнал до борбата за пехарот, новинарите се интересираа дали со нетрпение ја чека пресметката со Ѓоковиќ.


Тие двајцата водеа огромни битки во претходните два месеци, прво во финалето на Вимблдон, а потоа и на Мастерсот во Синсинати.

„Очигледно е дека дуелот со Новак е многу поблиску отколку на почетокот на турнирот. До потенцијалното финале нè дели само еден натпревар (се смее)“, изјави Алкараз на прес-конференцијата.

„Би било прекрасно да се игра во финалето против Новак овде во Њујорк, но и двајцата имаме многу тешки полуфиналиња, па ќе видиме. Но секако и двајцата со нетрпение го очекуваме потенцијалното финале“.

За да стигне до финалето ќе мора да го совлада уште еден поранешен шампион – Данило Медведев.

„Последниот натпревар против Даниил го одиграв совршено. Направив прилично добри работи, па мислам дека мојата игра е сосема соодветна за тип на противник како Даниил. Ќе се обидам да ги направам истите работи што ги правев во Индијан Велс, Вимблдон. Се надевам дека ќе победам и ќе играм на исто ниво како во тие натпревари“.

Момчето од Мурсија го загуби првото место на АТП рангирањето, но титулата ја брани на терените на Флешинг Медоус.

„Сега сум позрел. Многу пораснав од минатата година. Лани првпат играв полуфинале на Грен слем, сега ќе го играм четвртиот. Се чувствувам како да сум сосема друг играч.Не е важно што минатата година го освоив првиот Грен слем, го освоив првото полуфинале и финалето.Се чувствувам позрел сега.Подобро се справувам со притисокот од секаков вид во тие моменти.Се чувствувам поинаку како личност и како играч“.

На крајот ја анализираше средбата со германскиот играч во четврт-финалето.

„Очигледно, начинот на кој Саша играше во првиот сет, можеше да го добие. Тој малку падна во вториот сет и јас ризикував. Така што беше одлично. ниво, навистина му беше тешко. Очигледно беше дека физички се мачеше во третиот сет. Одлично е што победив во три сета“, заклучи Алкараз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK