Алегри се подготвува да замине од Торино, Конте ќе се врати во Јувентус

Алегри-се-подготвува-да-замине-од-Торино-Конте-ќе-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, а неговата функција ќе ја преземе Антонио Конте, тврди Иван Зазарони, уредник на весникот „Кориере дело спорт“.


Јувентус добро стои во Серија, втор е на табелата со само два бода помалку од Интер, но и покрај тоа Алегри е константно критикуван, бидејќи тимот игра премногу дефанзивно.

Медиумите на Апенините објавија дека директорот на Јувентус Калво се сретнал со Конте во Винова минатата недела.

Наводно, Конте кој е без работа од април кога спогодбено се раздели со Тотенхем, покажл желба да се врати во клубот со кој во три сезони освои три шампионски титули.

„Секогаш постои опција за враќање. Важно е да постои меѓусебно разбирање во однос на идеите и насоката на играта“, изјави неодамна Конте.

Неговиот близок пријател, поранешниот напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели е убеден дека Конте наскоро ќе се врати.

„Сега одвои малку време да биде со своето семејство. Сигурно наскоро ќе се врати на работа. Не знам дали тоа ќе биде Јувентус, но тој ќе се врати на тренерската работа“, изјави Раванели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK